02.06.2021

Димитријевиќ реализираше индекс 16 во поразот од фаворитот (74:84)

ЕНДЕСА ЛИГА: Нено најдобар во Хувентуд, но соседското четвртфинале за Барса

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар на стартот од плеј-офот. 

Неговиот Хувентуд загуби од Барселона со (74:84), но тој заврши како втор стрелец во својата екипа со 16 поени за нешто повеќе од 17 минути на теренот. Погоди 7/11 за два и 2/3 од линијата за слободни фрлања, а додаде и три асистенции и еден скок за индекс 16.

Тимот од Бадалона одигра одлично прво полувреме, на пауза замина со само два поена негатива (38-40), но во вториот дел немаше сили за изненадување. Вториот меч се игра на теренот на Хувентут в четврток од 21 часот.