13.03.2021

!8 поени и 3 асистенции за нашиот репрезентативен бек во победата над Монбус Обрадоиро (91:84)

„Ендеса“ лига: Одлично полувреме на Димитријевиќ, Хувентуд поблиску до плеј-офот

Вечерва, Хувентуд играше против Монбус Обрадоиро. И со добра игра во текот на целиот меч, „зелено-црните“ тигнас до нов триумф од (91:84)

А Ненад Димитријевиќ уште еднаш потсети дека е значаен дел од овој Хувентуд. Уште во првото полувреме младиот бек на „зелено-црните“ стигна до бројката од 16.реализирани поени. Со висок процент на реализација (2/3 за три и 5/6 за два поени), и сигурно водство на тимот од Бадалона (53:41). Во вториот дел застана со поентирањето, реализираше само два поени, или вкупно 18. Но имаше и три асистенции за 25:55 минути во игра.

Ова беше 24. натпревар за Хувентуд, и 14. победа во „Ендеса“ лигата со која го бранат седмото место на табелата.