21.11.2020 Новиот македонски репрезентативец одигра 19.минути за Гран Канарија која загуби убедливо (62:79) Вечерва, во Шпанија се одиграа првите натпревари од 12. коло од „Ендеса“ лигата. Еден од нив беше и мечот на Канарските острови, во кој се сретнаа екипите на Гран Канарија и на Андора. За нас интересен затоа што во домашната екипа настапува новиот репрезентативец на Македонија, Џејкоб Вајли. Американецот со македонски пасош не беше во стартната петорка на „жолто-сините“ кои загубија со убедливи (62:79). Силното крило на Гран Канарија одигра 19.минути во кои реализираше пет поени (1/2 за три и1/2 за два поени), како и по два скока и исто толку асистенции за тоа време поминато во игра. Гран Канарија е на 17. место на табелата во најсилната европска лига, има само две победи.