18.04.2021

Џејкоб Вајли играше малку, заврши со девет поени и пет скока во победата против аутсајдерот (99:71).

„Ендеса“ лига: Сарагоса го распарчи Гипузкоа Баскет

Екипата на Касадемонт стигна до планирна триуфм во натшреварот против Гипузкоа Баскет. Како дел од 32.коло од „Ендеса“ лигата, Џејкоб Вајли и соиграчите поминаа лесно против „фенерџијата“ во најдобрата шпанска дивизија. Славеа со повеќе од убедливи (99:71).

Новиот македонски репрезентативец не играше многу на оваа средба.

За 15:39 минути, силното крило на нашиот национален тим реализираше девет поени (4/6 во шутот од игра, и 1/1 од линијата за слободни фрлања), а имаше и пет скока (еден офанзивен), за тоа време поминато во игра.

Ова беше и 11.триумф во 30.одирани мечеви на Касадемонт Сарагоса во оваа сезона од „Ендеса“ лигата. Скор доволен за 13.позиција на табелата во овој момент.