20.03.2021

Естудијантес славеше со (113:104), Џејкоб Вајли скромен, четири поени и три скока за 15.минути во игра

„Ендеса“ лига: Сарагоса се подалеку од плеј-офот

Втор по ред пораз, сега и на домашен терен, запишаа Џејлоб Вајли и неговите нови соиграчи од екипата на Сарагоса.

Подобри од нив, во продолжението од пет минути (113:104), беа кошаркарите на Естудијантес.

Џејкоб Вајли одигра 15.минути на овој натпревар. Притоа силното крило на нашиот национален тим дојде до ефект од четири поени (2/5 за два поени), три скока и една блокада како стартер во домашната екипа за која ова беше 16.пораз во 26.одиграни натпревари. Или 11.место во најсилната лига во Европа.