18.04.2021

Ненад Димитријевиќ постигна 13 поени, и по три асистенции и скока во поразот на Хувентуд (92:101) против „кралскиот клуб“

„Ендеса“ лига: Со едно добро полувреме не се победува Реал Мадрид

Хувентуд не успеа во обидот да дојде до сензационален резултат на гостувањето во Мадрид. Иако тимот од Бадалона имаше одлично прво полувреме, на крајот, „кралскиот клуб“ направи пресврт и победи со резултат (101:92).

Ненад Димитријевиќ исто така имаше одличен период од играта во првото полувреме. На крајот, во дуелот против топ фаворитот, македонскиот репрезентативец реализираше 13.поени (1/3 за три, 4/10 за два и 2/3 за едне поен), како и по три скока односно три асистенции за 24:52 минути на теренот.

По ова 32. коло од „Ендеса“ лигата, Хувентуд е на ефект (16-14) и седмо место на табелата.