27.12.2020

Ненад Димитријевиќ „учествуваше“ со десет поени во убедливиот пораз (78:95)

„Ендеса“ лига: Со едно силно полувреме, Бургос го победи Хувентуд

Ненад Димитријевиќ и Хувентуд го претрпеа најубедливиот домашен пораз сезонава откако беа декласирани во Бадалона од составот на Бургос со резултат (78:95).

Пресудно се покажа второто полувреме што тимот на нашиот репрезентативец го одигра катастрофално лошо.

По првите 20.минути, Хувентуд имаше водство од (41:37), но дозволи противникот да реализира дури 31.поен во третиот период, и да направи пресврт, а потоа и да слави со плус од 20.поен.

Младиот Македонец одигра17.минути. Период во кој реализираше десет поени, надополнети со два скока и две асистенции.

Ова е шестиот пораз за тимот од Бадалона во 16. oдиграни мечеви во најсилната лига на Стариот континент. За шесто место на табелата.