20.05.2021 Џејкоб Вајли под просекот, седум поени и три скока на последниот меч на домашен терен Екипата на Касадемонт Сарагоса со пораз на домашен терен го одработи претпоследното коло од „Ендеса“ лигата. Далеку подобри од нив беа кошаркарите на Тенерифе кои славеа со убедливи (91:60). Во комплетното сивило на домашната екипа некако се вклопи и Џејкоб Вајли. Македонскиот репрезентативец одигра 23:12 минути каде дел од стартната петорка која ја одигра најдобрата четвртина, а која домаќините ја добија со (24:17). Но останатите три беа за заборав. Вајли заврши со ефект од седум поени (3/7 за два и 1/1 за еден поен) и три скока. На коло пред крајот (треба да играат со Мурсија) со скор (14-21), тимот од Сарагоса е на 13.позиција на табелата.