28.04.2021

Пред налетите на тимот од Сарагоса „падна“ и Морабанк Андора (99:89)

„Ендеса“ лига: Вајли и Сарагоса ја темпираат формата за ФИБА „Фајнал 8“

Како се влегува во оној последен дел од оваа сезона, така екипата на Касадемонт Сарагоса ја покачува својата играчка форма

Доказ за тоа беше новиот триумф, реализиран вечерва, во дуелот на домашен терен против екипата на Морабанк Андора.

Сигурен изразен со десет поени позитива (99:89).

Она што пак радува е новото одлично издание на Џејкоб Вајли.

Македонското репрезентативно крило одигра 21:32 минути. Но тоа не му посмета да реализира 17.поени (8/11 за два и 1/1 за еден поен), два скока и исто толку додавања, како и по една освоена односно загубена топка.

По ова 34.коло од „Ендеса“ лигата, Касадемонт Сарагоса има ефект (14-19) со кој е на 11. место на табелата.