Двете екипи како да ги штедеа силите за она што го чека за два односно три дена.
Касадемонт Сарагоса настап на финалниот турнир од ФИБА Лигата на Шампионите, каде на 5. мај ги чека дуелот од четвртфиналето против домаќинот на „Ф8“, рускиот Нижњи Новгород.
Реал Мадрид пак гостувањето во Истанбул, и „мајсторката“ од четвртфиналето на Евролигата против Анадолу Ефес.
На крајот на овој натпревар исполнет со доста пресврти и многу поени, славеа гостите од Мадрид (96:87), реализиран со одлична игра во последната четвртина.
Џејкоб Вајли беше дел од стартната петорка на домашната екипа. Нашиот репрезентативец одигра 23:45 минути, и заврши со двоцифрен број на поени. Реализираше 11. поени (5/12 за два и 1/1 за еден поен), а имаше и шест скока и една асистенција за тоа време во игра.
Ова беше и 34. меч за екипата од Сарагоса во „Ендеса“ лигата. Сега Вајли и соиграчите имаат ефект од 14. победи и 20. порази, доволно за 11.место на табелата во најсилната лига во Европа.