Победнички почеток за Џејкоб Вајли во дресот на новот клуб, Касадемонт Сарагоса.
Новиот македонски репрезентативец не губеше многу време. Експресно, по само два дена, се најде во стартната петорка на екипата од Сарагоса. Иако одигра само 12.минути, тоа не му сметаше на силното крило да дојде до 13. поени, со одличан реализација (4/5 за два поени) и уште 5/6 од линијата за слободни фрлања.
За тоа кратко време минато на паркетот во Севиља, Вајли додаде уште два скока и една асистенција и остави одличен впечаток на своето деби во црвениот дрес на Сарагоса.
Ова е трета победа по ред за тимот од Сарагоса, и четврта во последните пет кола со што остана во игра за пласман во плеј-офот во „Ендеса“ лигата.