Естонија беше подобар ривал на нашиот кадетски состав. Имаше постојана предност во текот на натпреварот, што на крајот го валоризира со трет успех на првенството кој значи и место во првата „осумка“.
И прв пораз за нашите кадети, без посериозни последици, барем во овој момент...
ЕСТОНИЈА – МАКЕДОНИЈА 76:57
Она што пред почетокот на овој шампионат го најави селекторот Александар Јованчев дека проблем во нашата игра ќе биде „недостатокот на сантиметри“, беше забележан токму на вечерашниот дуел против физички посилниот противник од Балтикот.
Имавме предност, но само во воведните минути од овој дуел кој одлучуваше за првото место во групата, и нешто полесен противник, ако така може да се каже, во четвртфиналето.
До крајот на првиот период, Естонците успеаја да се одбранат, дури и да поведат со (23:21).
Париравме и во поголем дел од втората четвртина, но многу подобрата скок-игра на противникот (Естонија имаше дури 12. скока повеќе), до крајот на полувремето, значеше и нешто поголема предност (41:31).
Паузата не донесе некои сериозни промени во играта на двата тима. Естонците умешно ги користеа сите свои предности, како одминуваа минутите, така растеше и предноста за тимот од Балтикот.
По три одиграни четвртини, Естонија поведе со (63:45). Се обидоа нашите млади кошаркари да се вратат, но недостасуваше енергија за анулирање на високата негатива.
Ќе биде многу поважно да се опоравиме во рок од нешто помалку од 24.часа, затоа што утре навечер, во истиот термин, 18.30 часот, Македонија ќе бара победа над Австрија. Два бода од овој последен меч во групата „Д“, "врзани" со резултатот од средбата Шведска-Естонија ќе не донесат многу блиску до наредната фаза, место во осумте најдобри кои ќе се борат за медалите и промоција во А“ Дивизијата во оваа возрасна категорија, на играчи „Под 16“ години.
На овој натпревар, Цветковски реализираше 11.поени (имаше и по три скока и исто толку асистенции), Ефтимовски беше исто така, „двоцифрен“, даде 10.