13.08.2023

Првенството во Скопје нашите кадети го завршија со уште една загуба, од селекцијата коај ја победија на почетокот (72:90)

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023: Белгија ни се реваншираше за стартниот пораз

Машката селекција на Македонија за играчи „Под 16“ години со пораз го заврши својот настап на Европското првенство од Дивизијта „А“ кое вечерва ќе биде затворено во Скопје.

Поразот од Белгија ги остави нашите кадети на 16. позиција во поредокот на шампионатот.

БЕЛГИЈА - МАКЕДОНИЈА            90:72

Релативно израмнето се играше во првото полувреме во кое Белгија имаше водство, ние успеававме да го пониптиме, во некои моменти од играта и да поведеме.

Но по 20.минути од играта на овој последен меч за двете селекции на првенството во Скопје, онаа белгиската, се стекна со солидни (41:35).

На почетокот на второто полувреме, со серијата од (7-3), Белгија се одвои и на двоцифгрен плус (48:38). Ншрто подоцна имаа и уште повисоко водство (58:43), така беше и на крајот на овој трет период (65:51), што и го најави конечнито расплет, неоволен за нашата кадетска репрезентација.

Белгија направи реванш, стигна до првата победа на првенството, и на крајот, тоа е доволно за 15. позиција на турнирот. 

Илин Најков стигна до 21. реализација, капитенот Лука Марјановиќ додаде 10, а Никола Јаничиќ, Дамјан Ивановски и Љубен Ефтимовски по девет на простувањето со настапите на кадетскиот Евробаскет. 

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ  

ФИНАЛЕ

21.00: Италија – Шпанија (СЦ „Борис Трајковски“)

ЗА 3. МЕСТО

18.30: Литванија – Франција (СЦ „Борис Трајковски“)

ЗА 5. МЕСТО

13.30: Германија - Словенија (СЦ „Борис Трајковски“)

ЗА 7. МЕСТО

13.30: Грција – Србија (СРЦ „Кале“)

ЗА 9. МЕСТО

18.30: Полска – Турција (СРЦ „Кале“)

ЗА 11. МЕСТО

16.00: Финска - Летонија (СРЦ „Кале“)

ЗА 13. МЕСТО

16.00: Црна Гора – Израел (СЦ „Борис Трајковски“)      

За 15. МЕСТО

Белгија – МАКЕДОНИЈА 90:72