10.08.2023

Поразот (46:57) од Летонците нè става во групата на селекции кои ќе се борат за избегнување на последните три места

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023: Кадетите загубија од Летонија, и го одбраа потешкиот пат до опстанокот

Во натпреварот во кој зависеа доста работи околу понатамошниот пласман, нашата кадетска репрезентација загуби од Летонија, и во последниот дел од првенството Скопје ќе мора да победува за да обезбеди најмалку 13. позиција во крајниот поредок

МАКЕДОНИЈА - ЛЕТОНИЈА        46:57

Долго време го „бркавме“ водството на противникот, уште од првата четвртина. Десет минути во кои Летонија поведе со сосема солидни (17:10).

Имаше противникот предност, се до 16. минута, кога по положувањето на Најков, Македонија премина во водство од (25:24).  Јаничиќ имаше одличен „вовед“ во овој меч кој практично носи опстанок во „А“ Дивизијата во оваа возрасна категорија.

Практично реализираше половина од поените на нашата кадетска селекција.  

Во преостанатите неколку минути малку поени, и на двете страни, и „минималец“ на страната на Летонците, (29:28).

Во продолжениеот од овој исклучително важен меч за двете екипи, кој води кон пласман од 9. до 12. место на табелата, и мирна заврпница на турнирот, Летонија беше подобар ривал.

Пред се затоа што имавме сериозни пробеми во фазата на нападот. Многу тешко им одеше на нашите млади кошаркари. Во тој дел од играта Летонија одново се одвои, по три одиграни четвртини имаше предност од (49:40).

За жал, не успеавме да ја симнеме, затоа што во играта на „мал број на поени“, Летонија успеа да ја одбрани предноста стекната во претходните три четвртини и практично да обезбеди опстанок во „А“ Дивизијата.

Кога веќе се ставивме во една императивна форма, сега имаме еден ден за одмор (петок), и време за размислување како понатаму во онаа мини група на четири селекции кои ќе се борат за последното место кое носи играње во елитата и следната натпреварувачка сезона.   

Во неа освен Македонија, се уште и репрезентациите на Црна Гора, Белгија и поразената екипа од дуелот кој се игра вечерва, а во кој се среќаваат селекциите на Израел и Турција.  

РЕЗУЛТАТИ  

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Италија – Германија        75:56

Франција – Грција            86:72

Словенија – Шпанија      79:82

Србија – Литванија          (во тек)

ЗА ПЛАСМАН (9-16. МЕСТО)

Белгија – Полска               58:76

Црна Гора – Финска         65:74

МАКЕДОНИЈА – Летонија          46:57

Турција – Израел  (во тек)