05.08.2023

Имавме подобра завршница во премиерниот меч со Белгија (63:57), за уште поголема самодоверба во продолжение на првенството

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023: Македонските кадети тргнаа со победа

Многу важен триумф запишаа нашите млади кошаркари од селекцијата „Под 16“ години на премиерниот меч од првенството во Скопје.

За уште поголема верба во сопствените можности и натпреварите кои следуваат на првенството

МАКЕДОНИЈА - БЕЛГИЈА           63:57

На средината на првата четвртина, Макеодниај поведе со (12:8). Но противникот брзо ја стигна, и престигна таа наша почетна предност. Имаа Белгијците (18:14) по серијата (10-2), но ја стигнавме, по поените на Доријан Ивановски, резултатот беше израмнет, (18:18) во 8.минута.   

Крајот на првиот период сепак го дочекавме со предност, макар и минимална, (20:18).  

Нерешено беше и во средишниот дел на втората четвртина (25:25) затоа што противникот уште еднаш го стигна нашето водство (25:21). Но во минутите кои следуваат, и беа доста „сиромашни“ најдовме начин да имаме водство, исто така изрзено со еден поен позитива (32:31).

Израмнето с еигра и во продолжението на натпреварот Ниту една од двете селекции не успеа да се „одвои“ на некоја поголема разлика.

„Разликата“ беше само во тоа што Белгија имаше плус еден по три одиграни четвртини (47:46).

Извесно беше дека ќе одлушува последната четвртина. Онаа во која нашата кадетска селекција го „спушти“ жилавиот ривал на само десет поени Дадовме седум повеќе, сосема доволно за многу важна стартна победа на ЕП во нашиот главен град, и пред она што следува утре вечер, исто така од 18.30 часот. Натпреварот против еден од најсериозните кандидати за златниот медал на кадетскиот шампионат - Франција.

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ - ГРУПА „Б“

МАКЕДОНИЈА – Белгија 63:57

Литванија – Франција     (во тек)

6. АВГУСТ (НЕДЕЛА)

16.00: Белгија – Литванија

18.30: Франција – МАКЕДОНИЈА