Нашата машка селекција „Под 16“ години загуби од Франција од мепот од второто коло од групата „Б“ на Европското првенство од Дивизијата „А“
ФРАНЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 113:56
Бевме делумно рамноправен ривал во првата четвртина во која силната француска кадетска селекција обезбеди предност од осум поени (27:19).
Но сите свои квалитети „петлињата“ ги покажаа во вториот период од играта. Ној во кој и ја направија клучната предност. Реализираа дури 33. поени и се стекнаа со недостижни (60:32).
Не се променија многу работите и во второто полувреме. Французите само ја потврдија својата фаворитска улога, не само на овој натпревар, и најавија дека се подготвени да одат до самиот крај.

За избраниците на селекторот Александар Јованчев следува нов предизвик. Да „билдаат“ ново искуство на утрешниот натпревар против Литванија, засега единствената со максимален ефект во групата „Б“. И да не заборавиме, селекцијата која го брани златниот медал во оваа кадетска конкуренција.
Натпреварот е закажан за 18.30 часот, исто така во салата на СРЦ „Кале“.
ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023
РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ - ГРУПА „Б“
1.КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Белгија 63:57
Литванија – Франција 102:94
2.КОЛО
Белгија – Литванија 48:73
Франција – МАКЕДОНИЈА 113:56
ТАБЕЛА
1.Литванија 2 2 0 175:142 4
2.Франција 2 1 1 94:102 3
3.МАКЕДОНИЈА 2 1 1 119:170 3
4.Белгија 2 0 2 105:136 2
ИДНО КОЛО (7.АВГУСТ)
13.30: Франција - Белгија
18.30: МАКЕДОНИЈА – Литванија