Да се биде дел од четвртфиналето, и да се игра многу послободно во продолжението на Европското првенство од Дивизијата „А“ во Скопје, е следната цел на 16. национални тимови присутни во Скопје.
Кои осум од нив ќе продолжат понатаму во битката за медалите, а кои други осум ќе се борат за што подобра позиција и избегнување на последните три позиции кои водат во понискиот ранг, односно Дивизијата „Б“, ќе стане јасно денеска. По одигрувањето на осумте осминафинални натпревари на шампионатот.
Најважниот меч за нас, секако, е оној од 18.30 часот, во СРЦ „Кале“...
Македонија игра против Словенија, за место во првата „осумка“. Но освен тоа овие 40.минути нè водат и кон првата замислена цел, опстанок во друштвото на најдобрите кадетски селекции во Европа.
Исклучително важен момент за нашите млади кошаркари, кои се силно мотивирани да потврдат уште еднаш дека местото им е токму во оваа ТОП 16 група.
Извесно, нема да им биде лесно на избраниците на селекотрот Александар Јончевски, ако се земе в предвид дека Словенците веќе реализираа две победи. Загубија од Италија, каде прикажаа одредени слабости...
Но тие резултати се „бришат“, се тргнува од „нула“, и јасно е, шанса за место во четвртфиналето имаат сите.
Затоа, вечерва, нашите кадети очекуваат и голема помош од публиката во СРЦ „Кале“ (влезот е СЛОБОДЕН), за да донесат уште една голема радост на сите љубители на кошарката, и чекор понатаму кон реализација на плановите.
ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023:
ДВОЈКИ И РАСПОРЕД – ОСМИНАФИНАЛЕ
ДЕНЕСКА:
13.30: Германија – Полска (СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје)
13.30: Франција – Црна Гора (СРЦ „Кале“- Скопје)
16.00: Италија – Белгија (СЦ „Борис Трајковски “- Скопје)
16.00: Грција – Финска (СРЦ „Кале“ – Скопје)
18.30: Србија – Израел (СЦ „Борис Трајковски“- Скопје)
18.30: Словенија – МАКЕДОНИЈА (СРЦ „Кале“ – Скопје)
21.00: Литванија – Турција (СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје)
21.00: Шпанија - Летонија (СРЦ „Кале“ – Скопје)