Кадетската селекција на Македонија го заврши првиот дел од првенството во Скопје како третопласирана во групата „Б“.
За место во четвртфиналето, и исполнување на основната цел - опстанокот, избраниците на селекторот Александар Јованчев ќе играта против репрезентацијата на Словенија, која заврши како второпласирана во групата „А“.
МАКЕДОНИЈА - ЛИТВАНИЈА 52:95
Добро парираа нашите млади кошаркари во првото полувреме од овој трет натпревар во првата групна фаза од шампионатот.
Литванците имаа предност (23:16) на истекот на првата четвртина, и нешто повисока на полувремето. Одморот го дочекавме со негатива од 12. поени, (26:38).
Пресуди, сепак, третиот период, оној во кој литванија одигра одлично во нападот. Нашиот ривал реализираше 32.поени, ние дадовме 17, по што беа симнати сите дилеми околу победникот.

Литванија завршува со максимален ефект од три победи во исто толку натпревари. Со победата, и тоа као важна, против Белгија, ние сме третопласирани.
Овој ефект (1-2), за противник ни ја носи селекцијата на Словенија, која денеска, во дерби дуелот на групата „А“ загуби од Италија (74:83), и застана на втората позиција.
РЕЗУЛТАТИ - ГРУПА „Б“
1.КОЛО
МАКЕДОНИЈА – Белгија 63:57
Литванија – Франција 102:94
2.КОЛО
Белгија – Литванија 48:73
Франција – МАКЕДОНИЈА 60:32
ТРЕТО КОЛО
Франција – Белгија 79:61
МАКЕДОНИЈА – Литванија 52:95
ТАБЕЛА
1.Литванија 3 3 0 270:194 6
2.Франција 3 2 1 286:219 5
3.МАКЕДОНИЈА 3 1 2 171:265 4
4.Белгија 3 0 3 166:215 2