12.08.2023

Поразот (48:71) значи и збогување на нашата селекција „Под 16“ години со настапите во елитната европска кадетска конкуренција

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023: Во мечот „да се биде или не“, кадетите поразени од Израел

Машката селекција на Македонија за играчи „Под 16“ години го загуби решавачкиот натпревар кој требаше да им даде уште една шанса во битката за опстанок во Дивизијата „А“.

Селекцијата на Израел беше подобар противник, славеше убедлива победа, па на последниот ден од турнирот во Скопје, против Црна Гора ќе игра за 13.позиција, последната која води кон опстанокот во оваа кадетска конкуренција.  

МАКЕДОНИЈА - ИЗРАЕЛ 48:71

Немавме добар почеток на овој меч на одлука. Односно 40.минути кои решаваа дали нашите кадети и следната натпреварувачка сезона ќе бидат во друштво на најдобрите, однсно ќе опстанат во Дивизијата „А“ од оваа категорија на играчи „Под 16“ години.

Во првите десет минути од играта, Израел направи исто толку поени позитива (21:11). Исто како и на претходните натпревари имавме проблеми со реализација на нападите.

Доста тешко постигнувавме поени, не погодивме ниту еден обид за три поени што противникот знаеше да го казнува на другата страна од игралиштето.  

Втората беше „реприза“ на првата четвртина. Минути во кои младите израелски кошаркари ја удвоија и онака високата предност.

До полувремето имаа плус од 20 поени (39:19).   

Третиот дел од овој меч, беше и најдобриот, односно најефикасниот за нашите кадети. Ја добивме таа четвртина со (20:15), и симнавме дел од високата негатива (39:54).

Јаничиќ и Петровиќ го предводеа нашиот напад во оваа фаза, стигнаа до двоен број на поени (14 односно 11) во пресрет на последниот дел.

Со серијата од (7-2), во нецели четири минути од четвртата четвртина, стигнавме и до достижни (46:56). Но, не продолживме во ист стил. Застанавме со поентирање уште еднаш, доволно за Израел да „влезе3 во мирна завршница и да победи. 

По овој пораз, утре, на последниот ден од шампионатот, нашата кадетска селекција ќе игра за позицијата број 15. А интересно, уште еднаш, ќе се сретне со селекцијата на Белгија од коај бевме подобри на отворање на овој евро-шампионат.

ЕП – „ПОД 16“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- СКОПЈЕ 2023

РАСПОРЕД И РЕЗУЛТАТИ  

ПОЛУФИНАЛЕ

18.30: Италија – Франција (СЦ „Борис Трајковски“)

21.00: Шпанија – Литванија (СЦ „Борис Трајковски“)

ПЛАСМАН (5-8 МЕСТО)

Германија – Грција          79:73

Словенија – Србија          74:72

ЗА ПЛАСМАН (9-12. МЕСТО)

18.30: Полска – Финска (СРЦ „Кале“)

21.00: Летонија – Турција (СРЦ „Кале“)

ЗА ПЛАСМАН (13-16. МЕСТО)

МАКЕДОНИЈА – Израел  48:71

Црна Гора – Белгија        83:70