29.07.2024

Нашиот капитен има просек од 27.7 поени на трите одиграни натпревари во досегашниот дел од првенството

ЕП – „ПОД 18“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2024: Јаничиќ има најмногу дадени поени, Стојковиќ е втор „крадливец“ на топки

Статиостиката е неодминлив дел од кошаркарскиот спорт, вклучително и големите натпреварувања, оние репрезентативните, какво што е и она во нашиот главен град – Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркари „Под 18“ години.

А по првите три кола од шампионатот, односно првиот „пресек“ во статистиката вели дека имаме и со што да се пофалиме и во овој сегмент.

Имено, Никола Јаничиќ, во овој момент е играчот кој има реализирано и најмногу поени на првенството. На трите досега одиграни натпревари, нашиот капитен постига вкупно 83.поени, со кои е и на првото место на листата на играчи со најголем број на реализации.

Неговиот просек од 27.7 поени по натпревар е втор, од причина што играчот на Австрија, Имран Суљановиќ, кој има точно 28.поени по меч, засега има и еден натпревар помалку во однос на Јаничиќ.

Кога сме кај неговиот ефект во овие три кола, нашиот бек е поставен на осмото место на листата на играчи со највисок индеск на полезност-корисност.

Јаничиќ собра 57. индексни поени и во моментов го дели осмото место на листата на која лидер е Александар Гаваљугов од Бугарија, со само три поени повеќее во однос на нашиот репрезентативец. Но и еден натпревар помалку одигран во овој прв дел од групната фаза од првенството.

Радуваат и се подобрите игри на Стефан Стојковиќ, кој пак во овој момент е втор а листата на играчи со најголем број на освоени топки. Во просек крилото на нашиот национален тим „краде“ по четири на натпревар, а подобар скор од неговиот е само оној на Аполо Каетано од Португалија кој има по 4.5.