Со уште една, пред се, одлична офанзивна претсвата, македонските надежи прескокнаа уште една висока пречка на патот во четвртфиналната фаза.
Во СРЦ „Кале“ бевме подобри и од репрезентацијата на Чешка, па во преостанатоите два натпревари во групата „Ц“, со уште еден триумф, многу извесно и ќе „влеземе“ во првата „осумка“ на шампионатот, која ќе се бори за места кои водат во „А“ Дивизијата.
ЧЕШКА – МАКЕДОНИЈА 86:94
Уште едно офанзивно прво полувреме одиграа нашите јуниори. Можеби и најдоброто во досегашниот дел од шампионатот во Скопје. Реализираа избраниците на селекторот Горан Андреевски дури 59. поени во првите 20.минути. Имаа дури десет повеќе во однос на противникот – 49!
Уште еднаш предначеше капитенот Јаничиќ, кој во тој дел од играта реализираше 19.поени. Но и овојпат одлични минути имаше Стојковиќ, кој одогра скоро без грешка во првиот дел од оваа исклучително важна средба за двете селекции. Реализираше 14.поени, со само еден нереализиран обид од поле (5/6) и максимални 94/4) од линијата з аслободни фрлања. Одличниот старт Ќириловски го заокружи со десет реализации од истекот на полувремето.
Во продолжението, Македонија имаше контрола над играта и над резултатот, макар штто во текот на третиот период, Чесите „притиснаа“ малку во одбраната, не задржаа на 13 поени во тие десет минути. Доволно да се доближат од нашпето водство (68:72), беше по три одиграни четвртини.
На почетокот на последната, во неполни две минути, Чешка успеа и да изедначи (72:72).
Но кога беше најпотребно, направивме серија од (10-0), ја отворија Марјановиќ и Стојковиќ, и Ќириловски, ја „затвори“ Луканоски со четири поени, за да се одвоиме на (82:72). Доволно да ја врати сигурноста во играта на нашите јуниори во четвртината на одлука, и да го усмери нашиот тим кон третиот триумф на турнирот во Скопје.
Статистиката вели дека Јаничиќ го оддржа својот поентерски проске, запиша 25.поени, додаде и пет скока и пет асистенции. Втора вечер по ред блескаше и Стојковиќ, кој даде 20.поени, Луканоски „одработи“ цврсто во рекетот, но комплетираше 16.поени и 9.скока, Ќирилоски стандардно добар, сега ос дабл-дабл ефект од 14. поени и 10.скока.
Наредниот натпревар за нашата селекција „под 18“ години е закажан за 30.јули (вторник), во исто време, 18.30.часот, на истото место, СРЦ „Кале“ со селекцијата на Кипар како противник на другата страна на игралиштето.