03.08.2024

Во балканската полуфинална пресметка, Македонија-Бугарија (92:68), и борба за шампионскиот трофеј за нашите јуниори

ЕП – „ПОД 18“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2024: Македонските јуниори се во финалето, обезбедија медал, и најважно, место во „А“дивизијата

Седмата победа по ред на првенството во Скопје, ја промовираше нашата машка национална селекција „Под 18“ години во прв финалист.

Бевме подобри и од јуниорите на Бугарија, на крајот сето тоа беше украсено со убедлв триумф, довоолен за медал, но што е ушпте поважно и промоција на Македонија во нов член на елитната „А“ дивизија.

IБУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА         68:92

Капитенот Јаничиќ отвори со десет поени (две тројки без промашување), најави ново одлично офанзивно издание на нашиот јуниорски национален тим.

IПо тројката и уште една реализација кои дојдоа од Марјановиќ, во деветтата минута, Македонија поведе со (24:15).  Но тука не беше крајот на серијата на поентирање, дојде редот и на Ќириловски, кој донесе двоцифрено водство (26:15) во последната минута од првата четвртина.

Но последните пет поени во овој дел од играта ги дадоа јуниорите на Бугарија, за намалување на нашата предност (26:20).

Одлично почнавме и во вториот дел од играта. Со шест поени по ред (четири на Трајанов), ја вративме двоцифрената позитива (32:20).

Во средишниот дел од четвртината гостите уште еднаш ја сведоа негативата на едноцифрена, откако намалија на (27:35). Но Луканоски, откако се врати на теренот, го одби тој напад. И со четири поени по ред ја врати нашата селекција напред, на (39:28).

Тоа беше само вовед во уште подобар финиш во кој обезбедивме водство од 15.поени (53:38).

Во исто темпо продолжија нашите млади кошаркари и по големиот одмор. Во нецели 90 секунди, се одвоивме и на највисоки (59:40).

Ја одржувавме таа висока позитива во наредните шест.

Во 28.минута, Македонија водеше со (69:55). И уште еднаш противникот имаше добри две минути во кои со серија од (7-0), ја намали нашата предност на (69:62).

Но кога беше најпотребно одговоривме, и тоа како, со наша контра-серија од (10-0) со која сериозно се одвоивме, сега на (79:62), и се доближивме до големото финале, и пласманот во „А“ Дивизијата.

 

Нашиот стартен центар, Луканоски реализира уште еден дабл-дабл ефект. На 20.поени придодаде и 16.скока, Јаничиќ застана на 17.поени (пет два скока и две асистенции), Марјановиќ дојде до12.поени (пет асистенции и два скока).

А многу важен во ова полуфинале беше и ефектот на Трајанов, кој освен 17.поени, оствари и 11. скока.  

Македонија е во големото финале на шампионатот во Скопје. Утре вечер, го чекаме подобриот во вториот полуфинален дуел во кој се среќавааат селекциите на Австрија и на Полска. 

Поддршка за нашите јуниори и од Премиерот Мицковски, сеелекторот Јончевски, капитенот Стојановски, Магдевски, Маслинко...

 

Голема поддршка на вечерашниот меч добија нашите јуниорски репрезентативци во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Навивањето од трибиините го предводеше претседателот на Владата на РСМ, Г-динот Христијан Мицковски, во друштво на Министерот за спорт, Борко Ристовски.

Аплаузи за одличната игра нашите млади репрезентативци добија и од своите постари колеги од националниот тим, предводени од капитенот Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Андреј Маслинко, Андреј Магдевски, но и од селекторот Александар Јончевски...