Македонската машка селекција „Под 18“ години извојува победа на премиерниот меч од Европското првенство од Дивизијата „Б“.
Им беа потребни дополнителни пет минути на нашите јуниори за да излезат како победници во дуелот со селекцијата на Ирска.
МАКЕДОНИЈА – ИРСКА 73:63
Во осмата минута од натпреварот, Ирска поведе со највисоки (20:13). Но во она престанато време од првиот период, нашиот јуниорски тим намали на (17:20).
До израмнување стигнавме по три минути игра од втората четвртина (24:24). Нерешено (28:28), беше и на средината од тој период, за Македонија да има одличен финиш на првото полувреме, во кој стигнавме до водство од (37:32).
Капитенот Јаничиќ веќе имаше 12.поени, го следеше Димитриев со девет, додека Ќириловски и Марјановиќ дадоа по шест.
Второто полувреме протекна во доста изедначена игра, а кулминација на неизвесноста донесоа и последните минути од овој прв меч на нашито јуниорски национален тим.
При нерешен резултат (62;62), имавме напад за победа, но не го реализиравме.
Но затоа пак бевме одлични во екстра периодот. Во дополнителните пет минути направивме (11-1), доволно за првиот успех на шампионатот.
Својата одлична партија Јаничиќ ја заокружи со реализација на 27.поени, 8.скока и 2 асистенции, и интересно беше нашиот единствен „двоцифрен“ кошаркар на овој натпревар.
Наредниот е закажан за утре вечер, во исто време, 18.30.часот, на истото место, СРЦ „Кале“ со БиХ како противник на другата страна на игралиштето.