29.07.2024

„Имаме максимален респект кон репрезентацијата на Кипар, Иaко сме фаворити, не се залажуваме дека ќе биде лесно, секогаш одиме на победа“

ЕП – „ПОД 18“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2024: Селекторот Андреевски предупредува: „На ЕП не постои лесен противник“

По три одиграни кола во групата „Ц“, Македонија е првопласирана селекција во друштво на Украина, Кипар, БиХ, Чешка, и Ирска. Момент кој дефинивитно донесе уште поголема самодоверба кај нашите јуниори во оној ден предвиден за одмор.

И тоа како потребен за сите во нашиот табор, а пред она што следува во наредните два дена, дуелите против селекциите на Кипар и на Украина.

 Селекторот Горан Андреевски прво се осврнува на она што беше:

„Против Чешка имавме исклучително тежок натпревар. Добро се подготвивме тактички, а играчите се потрудија  договореното да го спроведат на терен, сето тоа доволно за трета победа во низа“.

Утре вечер, од 18.30 часот во СРЦ „Кале“ наш противник е репрезентацијата на Кипар, која во изминатите три кола забележа три убедливи порази. Но како што вели Андреевски, тоа не треба да нė залажува, напротив...

„Следен противник ни е репрезентацијата на Кипар. Иaко сме фаворити на хартија, ние приоѓаме со респект спрема противникот и не се залажуваме дека ќе имаме лесен противник. На Европско првенство, едноставно кажано, не постои лесен противник.

Играчите имаа еден ден за одмор, и спремни се со уште поголема борбеност да прикажат уште една брза, атрактивна, убава игра. Иако сме претпазливи секогаш одиме на победа. Така е и овојпат“- порачува селекторот на нашиот тим „Под 18“ години, пред дуелот со, извесно, аутсајдерот во нашата група.