Вториот статистички „пресек“ на првенството во Скопје, не е многу поразличен во однос на оној првиот. По завршувањето на првата натпреварувачка фаза на шампионатот, онаа групната, а пред елиминацискта статистиката вели дека Македонија го има првиот стрелец на Европското првенство.
На пет одиграни натпревари, Никола Јаничиќ собра вкупно 118 поени, најмногу во однос на конкуренцијата. Овој збир прави просек од 23.6 поени по натпревар, што е за нијанса пониско во однос на ефектот на Имран Суљановиќ од Австрија кој засега е на 23.8 поени, но со еден меч помалку одигран во првата фаза од првенството. Трет е Александар Гаваљугов од Бугарија со 20.8 поени.
Стефан Стојковиќ, во овој момент е прв на листата на играчи со најголем број на освоени топки. Во просек, крилото на нашиот национален тим „краде“ по 3.8 топки по натпревар, со кој го надмина ефектот на Јехор Сушкин (Украина), кој има 3.4 и Алексаданр Гаваљугов (Бугарија), кој има по 3.3.
Освен тоа, нашиот стартер на позицијата центар, Марко Луканоски, е десетти на листата на најдобри скокачи. Засега има просечни 8.4 скока по меч.