Во последниот меч од групната фаза, Македонија беше подобра и од репрезентацијата на Украина. Имавме контрола над играта и над резултатот во првото полувреме, мал пад во третиот период, но го надминавме со одлична завршница. За максималне ефект и прво место во групата „Ц“.
УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 72:83
Вовед во натпреварот каков што посакуваа напите млади кошаркари, но уште подобар беше нивнито настап во втората четвртина.
Ако во пррвите десет минути стигнавме до некоја одредена цел, односно водство (23:16), сиот свој потенцијал македонските јуниори го покажаа во наредните десет.
Веројатно и за прв пат на првенството во овие пет кола, имавме реализација повдока од 50% во обидите за гтри поеени,а тоа имаше своја рефлексија во резултатот.
Како одмиинуваа минутите, така нашата јуниорска селекција ја „креваше“ предноста, и до истекот на првото полувреме, бевме поприлично далеку од Украинците.
Водевме со плус од 22. поени (49:27).
Но Украина подобро го отвори второто полувреме. Во третиот период од играта влеговме во серизен проблем со реализацијата. Тешко го погодувавме противничкиот кош. Укранците влегоа во серија на реализации, направија скор (20:7), со кој сериозно ја намалија високата негатива од полувремето.
По три одиграни четвртини имавме „само“ осум поени повеќе од противникот (51:59).
Но брзо ги оставивме зад себе проблемите од третиот период. Во оној последниот се вративме во зоната на комфорот, имавме постојана, двоцифрена разлика, која на крајот нė донесе до уште една, петтта победа по ред, за потврда на првото место на табелата во групата „Ц“.
И на оваа средба во лидерска улога беше Јаничиќ, кој постигна 21.поен, на кои придодаде и по пет скока и исто толку асистенции. Но уште еднаш поентерска „логистика“ доби од Ќириловски, кој заврши со ефект од 20.поени, 6. скока, 4. асистенции. Луканоски дојде до дабл-дабл скор од 12. поени и 12.скока (и три успешни додавања), а Стојковиќ застана на бројка од 11.поени, 7.скока и 2.асистенции.
Утре е слободен ден на шампионатот, а веќе в петок, на 2 август, следуваат четвртфиналните пресметки на првенството во Скопје.
Македонија како победник на групата „Ц“ за ривал во битката за пласман во полуфиналето, ќе ја има второпласиораната селекција од групата „Д“. Во овој случај, репрезентацијата на португалија, која со одлична игра стигна до убедлив триумф против Грузија, која и го донесе местото во првата „осумка“ на турнирот..