Нашата женска селекција „Под 18“ доживеа пораз во дуелот со Данска (39:92)
Во натпреварот за пласман од 9. до 18. позиција, данската селекција беше доста подобра од нашата...
Веројатно и заморот си го прави своето, но евидентно е дека нашите доста помлади кошаркарки во однос на противничките, уште на самиот почеток влегоа во голема резултатска негатива.
Данската репрезентација за десет минути направи предност од (26:9), која до полувремето веќе стигна до недостижни (49:22).
Дора Алексова реализираше осум поени, Ана Ангеловска и Зара Стојковска имаа по шест реализации на овој натпревар по кој нашата селекција „Под 18“ години сеуште е без резултатски успех.