Македонската женска селекција „Под 18“ години загуби од Холандија во натпревар за пласман од 9. до 18.место на првенството од Дивизијата „Б“ во Плоешти
ХОЛАНДИЈА - МАКЕДОНИЈА 62:25
Напите млади кошаркарки одиграа доста подобро во првиот дел од натпревар во кој му парираа на поискусниот противник. По десет минути игра, заостанувавме три поени (9:12), додека до крајот на полувремето Холандија го зголеми своето водство, имаше позитива од (26:15).

Далеку послабо го одигравме второто полувреме во кое имавме проблеми со реализацијата, што ривалот, физички доста посилен, знаеше да го искористи и да дојде од убедлива победа.
Ива Колева и Душица Мицева реализираа по седум поени, Ана Ангеловска додаде уште пет на овој натпревар.
Утре, од 15.часот, нашата женска јуниорска репрезентација ќе игра против соодветната селекција на Данска.