07.08.2024

Во последниот меч од групната фаза, Норвежанките славеа победа над нашата селекција „Под 18“ години, со резултат (79:48)

ЕП – „ПОД 18“- ЖЕНИ-ДИВИЗИЈА „Б“- ПЛОЕШТИ 2024: И Норвешка подобра од Македонија

Нашите млади кошаркарки парираа само во воведните десет минути од мечот, се друго беше на страна на поквалитетниот противник

НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА   79:48

Женската селекција „Под 18“ загуби од онаа на Норвешка во четврттот коло од натпреварите во првиот дел од првенството во Плоешти.

Избраничките на селекторот Горан Крстевски беа рамноправен ривал во првата четвртина во кој Норвешка водеше, но на истекот од десет минути, со резултат (24:18).

Но нешто налик на претходните натпревари, како одминуваа минутите, така растеше и предноста на норвешката јуниорска селекција.

До полувремето, се стекнаа со двоцифрен плус (42:27).

По одморот, раа разлика „порасна“ и на недостижни (61:39).

Пислевска запиша 11.поени, Милосављевиќ имаше 10. поени (и 7.скока), Димковска даде осум, а Стојковска уште шест поени за нашиот тим на оваа средба

По овој пораз, извесно, нашата женска јуниорска селекција селекција ќе разигрува за пласман од 9. до 18. место.

Односно вкупно десет репрезентации ќе бидат поделени во две новоформирани групи „АЕ“ и „Ф“ каде ќе одиграат уште по три натпревари за конечен пласман на шампионатот во Плоешти.