06.08.2024

Подобра од нашата женска селекција „Под 18“ години, беше онаа на Бугарија, која славеше со резултат (89:44)

ЕП – „ПОД 18“- ЖЕНИ-ДИВИЗИЈА „Б“- ПЛОЕШТИ 2024: Јуниорките го загубија и третиот натпревар

Женската репрезентација на Македонија „Под 18“ години го забележа и третиот пораз на ЕП од Дибиџијата „б“ кое се игра во романскиот Плошети.

Во третиот круг од натпреварите во групната фаза, подобри од нашите, беа јуниорките на Бугарија

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА        44:89

Многу дилеми околу победникот беа тргнати уште во првиот период од играта во кој на противникот му дозволивме да реализира дури 31.поени, ние дадовме само десет.

 А тој резултат и ги одреди понатамошните случувања на теренот.

Нашите млади кошаркарки одиграа доста подобро во вториот односно во третиот период во кој успеваа да му парираат на поквалитетниот и поискусен противник. Бугарките ја добија втората четвртина со (15:11), онаа наредната со (19:12), и рутинерски ја одработија онаа пследната во која ја потврдија победата.

Јована Димковска со 11.поени беше најефикасниот играч во нашата репрезентација, Јана Пислевска постигна 10, а Милица Николиќ и Ана Ангеловска и Зара Стојковска реализираа по шест. .

Во последното коло од натпреварите во групата „А“, утре поладне, од 17.30 часот, ќе играме против репрезентацијата на Норвешка.