Женската јуниорска селекција на Македонија со пораз го заврши својот настап на ЕП од Дивизијата „Б“ кое денеска заврши во романскиот Плоешти
МАКЕДОНИЈА – ШВЕДСКА 53:74
Во последниот натпревар на турнирот, нашите мади кошаркарки стигнаа до предност во првата четвртина, ја реализираа во своја корист со (19:14). Одиграа во рамките на своите можности и во оној вториот, во кој Шведска сепак успеа да ја поништи нашата почетна предност, и да поведе (32:31), на крајот на првото полувреме.
Доста изедначено се играше и во третата четвртина, но Шведска остана во водство, сега од (49:44).
Пресудија последните десет минути во кои противникот беше доста подобар, ја доби таа четвртина со (25:9), за уште еден пораз на нашиот женски национален тим „Под 18“ години, кој го освои 18.место на првенството во овој романски град.

Јана Пислевска реализираше 15.поени, ја следеше Милица Николиќ, која заврши со 13.поени (и четири скока). По седум поени реализираа Милосављевиќ и Стојковска, Ангеловска додаде уште пет, Колева постигна четири, а Алексова уште два.