02.08.2024

На премиерниот меч, Ирска стигна до убедлива победа над Македонија со резултат (86:52)

ЕП – „ПОД 18“- ЖЕНИ-ДИВИЗИЈА „Б“- ПЛОЕШТИ 2024: Пораз на македонските јуниорки на стартот на шампионатот

Најмладиот тим на првенството во Плошти немаше сили да пружи посериозен отпор на физички подоминатниот противник од ирска

МАКЕДОНИЈА – ИРСКА   52:86

Нашата селекција „под 18“ години успеа да парира во две четтвртини од премиерниот меч во Плоешти. Бевме делумно рамноправен противник во втората, односно во последната четвртина.

Но во оние други 20.минути, селекцијата на Ирска се покажа како поцврст и поквалитетен ривал, кој ги искористи сите оние физички предиспозиции, за да стигне и до првиот успех на шампионатот во овој романски град.

Статистички гледано, Сарафилоска и Трајковска реализираа по девет поени, Николиќ имаше седум за нашиот женси јуниорски национален тим на овој натпревар.

Во второто коло од натпреварите во групата „А“, утре попладне, од 15.шасот, селекцијата на Македонија се среќава со топ-фаворитот не само во групата, туку и на турнирот – Грција.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА „А“

ПРВО КОЛО

 Бугарија – Норвешка      51:45

МАКЕДОНИЈА – Ирска    52:86

Грција – слободна

ТАБЕЛА

1.Ирска         1          1          0          86:62 2

2.Бугарија    1          1          0          51:45 2

3.Норвешка 1          0          1          45:51 1

4.МАКЕДОНИЈА     1          0          1          52:86 1

Грција           -           -           -           -           -           -

ИДНО КОЛО - 3.АВГУСТ (САБОТА)

15.00: Грција – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/CattJlk4uCI?si=Qby__2_bafnETX4u

17.30: Ирска – Бугарија

Норвешка - слободна