03.08.2024

Грција беше пресилен противник, славеше убедлива победа (88:46)

ЕП – „ПОД 18“- ЖЕНИ-ДИВИЗИЈА „Б“- ПЛОЕШТИ 2024: Втор пораз на македонските јуниорки

Фаворитот го оправда тој епитет, стигна до очекуван триумф. Избраничките на селекторот Горан Крстевски ќе бараат шанса за подобар резултат на наредните натпревари, против селекциите на Бугарија и на Норвешка

ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА  88:46

Во овој момент репрезентацијата на Грција е превиспка прешка за напиот женски јуниорски тим, дополнително „подмладен“ на ЕП од Дивизијата „б“ во Плоешти.

Го потврдија тоа јуниорките на Грција во текот на сите 40.минути, беа доста подобар ривал, за на крајот да стигнат до планираните бодови.

Како пресликани беа ссите четири четвртини од овој натпревар во кои фаворитот постепено ја „подигнуваше“ позитивата.

Нашите јуниорки беа најблиску до егал резултат во вториот период во кој загубија со (15:20), за на полувремето Грција да има високи (43:25).

Ива Колева со 11.реализирани поени (имаше и четири скока), беше најефикасната наша кошаркарка. Пислевска реализираше осум, Ангеловска шест...

Следуваат два дена пауза за нашите кошаркарки „под 18“ години. Наредниот натпревар го играат на 6.август (вторник), од 15.часот, против репрезентацијата на Бугарија.

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА „А“

ПРВО КОЛО

Бугарија – Норвешка       51:45

МАКЕДОНИЈА – Ирска    52:86

Грција – слободна

ВТОРО КОЛО

Грција – МАКЕДОНИЈА    88:46

17.30: Ирска – Бугарија

Норвешка - слободна

ТАБЕЛА

1. Грција       1          1          0          84:43 2

2.Ирска         1          1          0          86:62 2

3.Бугарија    1          1          0          51:45 2

4.МАКЕДОНИЈА     2          0          2          98:174           2

5.Норвешка 1          0          1          45:51 1

ИДНО КОЛО - 4.АВГУСТ (НЕДЕЛА)

17.30: Бугарија - Грција

20.00: Норвешка – Ирска

МАКЕДОНИЈА - слободна