„Зошто да не, мислам дека можеме да го повториме успехот кој го направивме со младинската селекција“ – смета Андреј Шошкиќ, како одговор на прашањето што може да направи оваа наша репрезентација на играчи „Под 18“ години, која вечерва го стартува настапот на ЕП од Дивизијата „Б“ во Матошинос, со дуелот против репрезентацијата на Велика Британија.
За играч кој во едно лето ќе настапува за две различни селекции, тоа не би требало да претставува проблем.
„Иако не тренирав постојано со оваа ‘моја селекција’ во изминатиот период, секако поради обврските кои ги имав со ‘постарите колеги’, верувам во нивните квалитети. Навистина добро се познаваме, добро функционираме како тим, што е исклучително важно, имаме хемија која треба да нè донесе до добар резултат на првенството во Португалија. Екипата е максимално подготвена, зад нас е еден успешно одработен период на подготовки“.
Вечерва, 19.часот на отворањето на турнирот, односно првиот меч на нашата селекција, играме против селекцијата на Велика Британија?
„Добра работа е што бевме слободни на првиот натпреварувачки ден. Ишто имавме прилика да видиме со што располагаат нашите противници, вклучително и Британците. Мислам дека можеме да се надигруваме со сите противници. Јасно е секогаш првиот меч на првенството е најтежок за играње. Полека се аклиматизиравме по доаѓањето во Матошинос, и влегуваме максимално посветени за овој нов предизвик кој со себе го носи играњето за националниот дрес“ - порачува Шошкиќ пред премиерниот дуел на нашиот јуниорски тим на шампионатот.
ЕП - „ПОД 18“ МАЖИ - ДИВИЗИЈА Б - МАТОШИНОС 2023
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 1. КОЛО
Велика Британија - Исланд 77:68
Австрија - Норвешка 97:64
МАКЕДОНИЈА - слободна
ДВОЈКИ 2. КОЛО (САБОТА)
19.00: МАКЕДОНИЈА – Велика Британија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/7qMip65X4pM?feature=share
19.00: Исланд – Австрија
Норвешка - слободна