19.07.2023

Во првата групна фаза, за противници ги имаме селекциите на Австрија, Исланд. Велика Британија и Норвешка

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023: Јуниорите во битка за што подобар резултат во Португалија

Машката младинска селекција на Македонија ја реализираше својата цел – го освои второто место на шампионатот во Скопје. И согласно со тој резултат, во следната натпреварувачка сезона, нашиот национален тим „Под 20“ години ќе игра во Дивизијата „А“.

А само неколку дена подоцна, со слични обврски е и селекцијата „Под 18“ години, онаа која ја предводи селекторот Андреј Апостолски Лечиќ.

Денеска рано изутрина, нашите јуниори тргнаа на пат до далечниот Матошинос, каде во периодот од 21. до 30. јули е закажано Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркари „Под 18“ години.

Нашата јуниорска селекција е дел од групата „А“ во која се уште националните тимови на Австрија, Исланд, Велика Британија и Норвешка. Друштво во кое нашите млади кошаркари ќе се обидат да освојат едно од првите две места кои водат во четвртфиналната фаза.

Што е и некоја основна цел за селекцијата која ја креираше Апостолски Лечиќ, и која го одработи подготовителниот период максимално, исполнет и со одигрување на повеќе контролни натпревари.

Натпреварувањето во овој португалски град го стартуваме на 22. Јули (сабота), од 19.часот, со дуелот против селекцијата на Велика Британија.

Еден ден подоцна, нè чека мечот со селекцијата на Австрија (од 16.30 часот). По слободниот ден на шампионатот, на 25. јули, ќе играме против репрезентацијата на Норвешка (старт од 19.часот). А првата фаза од првенството ќе ја затвориме со средбата која е предвидена за 26.јули, во која од 16.30 часот, за ривал ја имаме селекцијата на Исланд.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: МАКЕДОНИЈА, Австрија, Исланд, Велика Британија, Норвешка;

ГРУПА Б: БиХ, Грузија, Унгарија, Црна Гора, Словачка, Албанија;

ГРУПА Ц: Естонија, Романија, Украина, Холандија, Ирска, Косово;

ГРУПА Д: Португалија, Бугарија, Белгија, Летонија, Швајцарија;

 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

21. ЈУЛИ (ПЕТОК)

19.00: Австрија – Норвешка

21.30: Велика Британија – Исланд

МАКЕДОНИЈА - слободна

22. ЈУЛИ (САБОТА)

19.00: МАКЕДОНИЈА – Велика Британија

19.00: Исланд - Австрија

Норвешка – слободна

23. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

14.00: Норвешка – Исланд

16.30: Австрија – МАКЕДОНИЈА

Велика Британија – слободен

24. ЈУЛИ – СЛОБОДЕН ДЕН

25. ЈУЛИ (ВТОРНИК)

16.30: Велика Британија – Австрија

19.00: МАКЕДОНИЈА – Норвешка

Исланд – слободен

26. ЈУЛИ (СРЕДА)

14.00: Норвешка – Велика Британија

16.30: Исланд – МАКЕДОНИЈА

Австрија - слободна

 

МАКЕДОНИЈА НА ЕП ВО ПОРТУГАЛИЈА

1.Андреј Шошкиќ

3.Горазд Митев

6.Никола Јаничиќ

8.Атанасиј Трајанов

9.Бојан Величковски

10.Филип Чолаковски

11.Ангел Стојанов

20.Бојан Димитриев

23. Марко Луканоски

24.Григориј Јакимовски

34.Павел Иванов

42.Стефан Стојковиќ

СТРУЧЕН ШТАБ

Селектор: Андреј Апостолски Лечиќ

Асистент тренер: Никола Димитриески

Асистент тренер: Дејан Србиновски

Кондициски тренер: Трајче Стојанов

Физиотерапевт: Андреј Јовановски

Доктор: Веселинка Лалчевска