26.07.2023

Слабо одиграното второ полувреме на нашите јуниори и поразот (92:59), значи и четвртто место во групата „А“ по првата фаза од првенството

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023: Македонија загуби од Исланд, следуваат битки за пласман од 9. до 16. место

По релативно изедначеното прво полувреме, нашата машка селекција „Под 18“ години застана во второто и загуби од Исланд

ИСЛАНД – МАКЕДОНИЈА           92:59

Со пораз од Исланд нашите млади кошаркари го завршија првиот дел од првенството во Португалија.

Имаа релативно добри моменти во првото полувреме во кое противникот водеше, и тоа постојано. Имаше и двоцифрен плус, но на крајот од втората четвртина намаливме на достижни (32:36).

Но следуваше голем пад во играта, лоша трета четвртина, по која јуниорската селекција на Исланд се стекна со недостижни (62:41).

Во далеку од идеалното офанзивно издание, како она пред неполни  24.часа, на средбата со Норвешка, Марко Луканоски запиша 13.поени, имаше и шест скока. Јакимовски постигна 11.поени (имаше и пет скока), а Шошкиќ и Величковски по осум поени.

Со скор од една победа и три порази, завршуваме на 4. позиција во групата „А“, од која селекциите на Австрија и на Велика Британија одат во четвртфиналето

По ден пауза, на 28.јули (петок), нашата јуниорска репрезентација ќе ги почне натпреварите за пласман од 9. до 16. позиција на ова ЕП од Дивизијата „Б“ во Матошинос. За противник ја имаме третопласираната селекција од групата „Б“, Унгарија.

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО

Норвешка – Велика Британија 73:84

Исланд – МАКЕДОНИЈА 92:59

Австрија - слободна

ТАБЕЛА

1.Велика Британија         4          4          0          324:273        8

1.Австрија   4          3          1          320:289        7

3.Исланд     4          2          2          311:292        6

4.МАКЕДОНИЈА    4          1          3          301:333        5

5.Норвешка 4          0          4          291:360        4