Тешко одеше „враќањето“ за нашата јуниорска селекција на турнирот во Матошинос. Во натпреварот кој решаваше дали ќе играме за 9. до 13, или од 13. до 16. позиција на првенството во Португалија, Унгарија беше подобар противник,
УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 86:70
Особено кога станува збор за првите 20.минути од натпреварот...
Уште во раната фаза, противниот се стекна со солидна предност, на истекот на првата четвртина беше (23:14).
Имаа Унгарците и уште повисоки (37:24), но враќањето во игра на Шошкиќ, кој набрзина стигна до двоен број на поени, 12, донесе нешто поефикасна игра на нашата јуниорска селекција. Се доближивме на негатива од седум поени (32:39). Но не „отидовме“ и преку тоа.
На големата пауза Унгарија сепак однесе двоцифрен плус, имаше десет поени вишок, (44:34).
Второто полувреме не донесе некои посериозни промени, ниту во играта уште помалку во резултатот. Унгарците ја одбранија, дури и зголемија предноста која ја стекнаа во првото полувреме, и стигнаа до триумф кој ги става во позиција да се борат за повисоки позиции на првенството.
По овој нов пораз на шампионатот во Португалија, извесно е дека ќе се бориме за пласман, од 13. до 16. позиција.
Шошкиќ го заврши овој натпревар со 14. реализирани поени, а Иванов дојде до десет. По овој нов пораз на шампионатот во Португалија, извесно е дека ќе се бориме за пласман, од 13. до 16. позиција.
Утре нè чека дуел против поразената селекција од мечот Португалија-Естонија, кој стартува од 21.30 часот.