29.07.2023

Подобра од нашата, беше јуниорската селекција на Естонија (99:90).

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023: Македонија ќе игра против Украина, за 15. место

Во натпреварот кој е дел од онаа мини-група за пласман од 13. до 16. позиција на првенството во Португалија, јуниорската селекција на Македонија играше, и загуби од Естонија.

МАКЕДОНИЈА - ЕСТОНИЈА        90:99

По скоро исто „сценарио“, како една вечер порано на дуелот со Унгарија, нашите јуниори го почнаа и натпреварот со Естонија. Им дозволиаја на противниците од Балтикот да направат сосема солидна предност, која по десет минути игра изнесуваше седум поени (26:19), а некоја минута подоцна, прерасна и во повисока, двоцифрена (35:23).

И дури потоа почнаа да „играат“, нешто подобро, особено во нападот. Намаливме на -6, (30:36) по поентирањето на Шошкиќ, во средината на втората четвртина. Серијата, сега од (9-1), ја продолжи Луканоски, за уште пониски (32:36).

И тајм-аут за Естонија...

Доста добро искористен, затоа што Естонците се одбранија од тој наш сериозен напад, и до крајот на полувремето ја вратија својата предност, одново на двоцифрена, (51:41).

Или 20. минути во кои Јакимовски дојде до 15, а Луканоски до 12. поени, но без вистинска поентерска поддршка од соиграчите.

Токму Луканоски беше играчот кој „повлече“ на почетокот на второто полувреме. Стартната негатива (44:57), со нова мини-серија од (8-0), ја намаливме на (52:57).

Не помогна новиот тајм-аут на естонскиот селектор... Дадовме уште два поени, за еден посед заостанување, (54:57). По тројката на Величковски, Македонија дојде до нерешен резултат (61:61), а Величковски беше играчот кој, по подолго време ни донесе и водство, макар и минимално, (64:63).

Сепак, во периодот на одлука Естонија беше екипата која влезе со предност, од (71:67).

И успеа да ја задржи и да победи!

Григориј Јакимовски го одигра својот најдобар натпревар на првенството. Го заврши со реализација на 30.поени (9/10 во шутот од поле и 11/12 од линијата за слободни фрлања), три асистенции и два скока.

Одличен настап, заокружен со 24.поени (10/14 во шутот за два поени), девет скока и две асистенции имаше и Луканоски, додека Величковски дополни со 11.постигнати поени

На последниот ден од шампионатот во Матошинос, Македонија ќе игра против селекцијата на Украина, која денеска загуби од БиХ. Овој натпревар кој одлучува кој ќе го освои 15. место во вкупниот поредок, стартува од 16.30 часот.