24.07.2023

Бекот на македонската јуниорска селекција има трет просечен индекс на корисност во воведните натпревари

ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023: Шошкиќ е трет најдобро оценет играч на почетокот на првенството

Еден одлично одигран натпревар, оној против селекцијата на Австрија, беше и повеќе од доволен за Андреј Шошкиќ го потврди својот раскошен талент.

Бекот на македонската јуниорска репрезентација беша на чекор до троен ефект. Му недостасуваше само едно додавање да стигне до ретко виден индивидуален ефект на еден младински европски шампионат.

Првиот статистички „пресек“ на шампионатот во Матошинос го става нашиот малд коашркар на високото трето место во вкупниот поредок, кога станува збор за трката за најкорисен играч на турнирот.

На двете досегашни средби, Шошкиќ реализираше вкупно 49. индексни поени, или во просек по 24.5, кој е трет најуспешен скор на првенството во овој момент. Пред нашиот играч се само Португалецот Рубен Преј, кој има просек од 30.5 индексни поени, и Андрин Нјок од Швајцарија кој е на 25.5 поени.  

Освен тоа, Шошкиќ е на делба на третото место на листата на најдобрите асистенти. Има младиот бек на Работнички просечни пет асистенции по меч, колку што има и Јорке Ав од Естонија.

Шошкиќ е и на петтото место на листата на најдобрите стрелци на турнирот во овој португалски град. Има просек од 19.5 поени по натпревар, лидери, со просек од 23. поени се Александар Гаваљугов (Бугарија) и Робертс Блумс (Летонија), пред Рубен Преј (Португалија) кој има 21, и Арден Бегај (Албанија) со 20.5.

Но и на листата на играчи со најголем број на освоени топки. Оствари шест на двете средби со Велика Британија и со Австрија, или во просек по три на еден одигран натпревар.