Без победа го завршија младите македонски кошаркарки првиот дел од Европското првенство од Дивизија „Б“ во Софија.
Денеска одигравме добро во првото полувреме, но не продолживме во исто темпо од второто на дуелот со Данска.
МАКЕДОНИЈА – ДАНСКА 40:73
Добро почнавме наа дуелот со селекцијата од Северот, имавме и водство од (13:11) кое за жал, не успеавме да го сочуваме на истекот на првата четвртина која противникот ја доби со минимални (14:13).
Добро игравме се од пред крајот на првото полувреме. Бевме во слична негатива (24:26), пред Данска да направи серија од пет поени, и по 20.минути од играта да води со сосема солидни (31:24).
Осетно хендикепирани, со неиграњето на првиот стрелец, Марија Николов, која на претходниот дуел со Хрватска заработи дисторзија на скочниот зглоб, не успеавме да парираме во второто полувреме.
Имавме слаба реалиција во нападот, видливо и на резултатот. По три одиграни четвртини Данска водеше со тешко достижни (33:47).
Впрочем во тие дваесет минути нашите девојки реализираа само 16. поени, и мораше да му ја пружат раката на противникот и да му ја честитаат победата.
За Данска прва во групата „А“, додека ние ќе ја побараме на некој од наредните натпревари во оној втор дел од првенството во кој ќе се бориме за пласман од 9. до 18. позиција на табелата.
Ана Милованова имаше свои добри моменти во првото полувреме во кое реализираше десет од своите 11. поени.
Во второто полувреме поентерски добро одигра и Милица Николиќ, која со 14. реализации беше нашиот прв поентер на оваа средба