02.07.2023

Нашите јуниорки парираа во рамките на своите можности, но не успеаја да се доближат до успех, противникот слави со (77:59)

ЕП – „ПОД 18“-ЖЕНИ - ДИВИЗИЈА „Б“- СОФИЈА 2023: Подобра игра, но и нов пораз, од Исланд

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го запиша вториот неуспешен старт на ЕП од Дивизијата „Б“ кое се игра деновиве во Софија.

Подобри од нашите беа јуниорките на Исланд, кои се првопласирани во нашата група, со максимален ефект во три одиграни мечеви.

МАКЕДОНИЈА (У18) – ИСЛАНД (У18) 59:77

Имаа нашите мади кошаркарки период на добра игра, и во првата и во поледната четвртина. А кога застанаа, во онаа втората, противникот тоа знаеше да го искористи и да се стекне со прендост која се покажа како недостижна за избраничките на селекторот Јелена Антиќ.

Исланд беше во позитива од пет поени (24:19) во десет одиграни минути. Но на почетокто на вторито период, застанавме во нападот, што потивнишките знаеја да го искористат и до крајот на првото полувреме, позитивата да ја зголемат на двоцифрена (35:21).  

Слипно се одвиваа работите и во третиот дел од играта. Одново имавме проблеми со реализацијата. Уште еднаш комплетиравме 11.поени, Исланѓанките имаа повеќе – 20, доволно да дојдат до уште поубедливо водство (55:32).

По одличниот ефект во првото полувреме, Николиќ застана на бројката од 14.поени (имаше и седум скока), во второто полувреме погодуваше и Николов, која на крајот има ефект од 12.поени (и три асистенции), додека Начевска ја заврши оваа втора средба за нашата селекција со девет постигнати поени.

Утре е слободен ден на шампионатот во главниот град на Бугарија, а веќе во вторник (17.часот), нашите девојки ги чека, извесно, и најквалитетниот ривал во групата „А“, репрезентацијата на Хрватска.