Една силна четвртина, користејќи ги максимално грешките на противникот и падот на концентрацијата сепак не беше доволно за нов триумф на нашите јуниорки.
Велика Британија - Македонија 64:62
Избраничките на Јелена Антиќ запишаа нов пораз, прв во рамки на новоформираната група Е во која разигрувајќи меѓусебе, а потоа против репрезентациите од групата Ф ќе го одредат пласманот во долната половина од земјите-учеснички на ова првенство односно од 9-18 место.
Се играше поен-за-поен игра. Двете репрезентации изедначени на теренот што ветуваше добра кошарка и борба до последната секунда на паркетот за триумф. Наизменично се префрлуваше водството до моментот на реализаторска криза што ја искористи нашиот денешен противник за да направи серија од осум поени (4-5 до 12-5). До крајот на првиот период успеавме и да се доближиме и до минус еден поен (15-14), но не и да го преземеме водството. Слична беше и играта од вториот период каде разликата достигна највисоки 31-23 за Велика Британија.
Кошаркарките од противничкиот табор ја забрзаа играта во вториот дел од натпреварот. Успеаја да ја направат разликата двоцифрена, до највисоки 16 поени (43-27) што се покажа како сосема доволно за одржување до крајот, до конечни 64-62 во корист на Велика Британија.
Следи ден одмор, па последниот натпревар за одредување на финалниот пласман на Европското првенсттво за кошаркарки до 18 години, дивизија Б..