Најдобрата игра на нашата селекција „Под 18“ години на првенството во Софија. Убедливо совладана е селекцијата на Норвешка, за прв успех на шампионатот, и одличен старт на втората фаза.
НОРВЕШКА – МАКЕДОНИЈА 57:72
Го најавија девојките тоа уште во првата четвртина во која остварија навистина добра предност (19:6). А исто толкав број на поени имаа и во вториот период, за на полувреме имаме убедливо водство од (38:18).
Не застанавме ниту по одморот од 15.минути...
По тројката на Ангеловска, во 25.минута, Македонија поведе со (50:26), највисоката предност коа ја имаше нашиот женски јуниорски состав на мечот во софиска „Тријадица“.
Но во само две и пол минути, Норвешка направи серија од (9-0) со која се доближи на (35:50).
Не ја сопре ниту тајм-аутот кој го побара селекторот Јелена Антиќ. Како да „заборавивме“ да играме одбрана во тој дел од играта.
По три четвртини, Македонија водеше со (52:38).
И играше добро и на почетокот на последната четвртина во која за кратко време, по нецели три минути, „побегнавме“ на (61:39). Момент по кој и го решивме и дефинитивно, прашањето околу победникот.
Нашата најмлада репрезентативка Ања Начевска беше и најефикасна во нашата селекција. Реализираше 20.поени (четири тројки со 40% на реализација) и пет скока, плус и две асистенции.
Откако го „прескокна“ дуелот со Данска, Марија Николов се врати со 15.поени (и четири асистенции и два скока).
Минути на одлична игра имаше и Милица Николиќ, која го заврши натпреварот со дабл-дабл ефект, изразен со 14.поени и 12.скока. Осум поени постигна Ана Ангеловска, по пет имаа Михаела Алексовска и Божица Стоевска, летири даде милованова, а во листата на стрелци се запиша и Деа Хоџа.
Утре, од 14.30 часот, ќе го играме и вториот натпревар од новоформираната група „Е“ за пласман од 9.до 18.место на ЕП. Противник на нашите јуниорки е репрезентацијата на Велика Британија.