Женската јуниорска репрезентација на Македонија со пораз го започна своето учество на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 18“ години
ХОЛАНДИЈА (У18) – МАКЕДОНИЈА (У18) 64:43
Селекцијата на Холандија беше подобар противник, тоа особено се однесува за второто полувреме, во кое и го скршија отпорот на нашиот јуниорски состав.
Бевме во најмала рака и рамноправен ривал во првите 20.минути во кои се играше неефикасно, како двете репрезентации повеќе да внимаваа на одбраната.
„Сведок“ за таквата игра е и малиот број на реализации на двете страни (26:19) имаше Холандија на истекот на првиот дел од играта.
Во продолжението, намаливме на (22:26), а потоа долго време, неколку минути, двете селекции беа без постигнат кош од игра. До моментите кога Холанѓанките отворија серија со која и се резултатски се одвоија. Прво на плус десет, (35:25), нешто подоцна имаа и повисоки (40:26).
До крајот на таа трета четвртина реализиравме само седум поени, а противникот дојде до недостижни (44:26) кои ги потврди во оние преостанати десет минути.
Погледот на оној индивидуален ефект вели дека Николов е единствената со двоцифрен број на поени, даде 11, но практично ги „поништи“ со 11 загубени топки. Модева реализираше осум поени, седум имаше Николиќ, а по пет Милованова и Начевска.
На вториот натпреварувачки ден на Европското првенство во Софија Македонија е слободна. По ден пауза, na 2. јули, од 19.30 часот, следува дуелот со селекцијата на Исланд.