09.07.2023

На последниот натпревар на првенството, нашите јуниорки загубија од Австрија (74:81), за 16. место во конечниот поредок

ЕП – „ПОД 18“-ЖЕНИ - ДИВИЗИЈА „Б“- СОФИЈА 2023: За крај, Австрија подобра од Македонија

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го свои 16. место на ЕП од дивизијата „Б“ за кошакарки „Под 18“ години

Во послендиот натпревар на собирот во Софија пдобра од нашата беше јуниорската репрезентација на Австрија

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА        74:81

Со само десет кошаркарки во ростерот, се чини дека ова беше и максимумот кој нашите млади кошаркарки можеа да го дадат во последните 40.минути на шампионатот во главниот град на Бугарија.

Се чини дека конечниот победник го реши првата четвртина. Онаа во која Австријките реализираа дури 30.поени, а нашите јуниорки само 16.

Сето друго беше во раммките на еден изедначен натпревар во кој Австрија ја одржуваше таа висока разлика. На крајот од средбата, Македонија се доближи и на негатива од само пет поени (72:77), но немавме енергија за комплетно „враќање“, а и малку време до крајот, 75. секунди.

Една од нашите најмлади кошаркарки во ростерот, Ања Начевска, имаше уште едно одлично индивидуално издание кое го заокружи со реализација на 27.поени (и по два скока и асистенции), по 11. поени реализираа Алексовска и Ѓуковиќ, додека пак десет постигна Николиќ.