По поразот од Словенија во осминафиналната средба, селекцијата на Македонија ќе игра за пласман од 9. до 16.место на шампионатот.
А прв противник во таа, слободно може да се каже и нокаут-фаза, ќе биде селекцијата на Италија, односно поразената од дуелот со домаќинот на ова првенство, Полска.
Натпреварот кој има големо значење, затоа што победникот обезбедува пласман од 9. до 12. позиција на Евробаскетот, односно опстанокот во „А“ Дивизијата, се игра вечерва, од 18.часот (ПРЕНОС НА СЛЕДНИОТ ЛИНК)
Поразената репрезентација во овој натпревар пак ќе се бори за позиција која носи опстанок преку натпревари во делот од првенството кои се за позициите од 13. до 16.
Победата на Полска е едно од изненадувањата во оваа осминафинална фаза, но извесно е дека уште поголем е успехот на кошаркарите на Чешка кои беа подобри од фаворизираната Србија, за место во првите „осум“ кои продолжуваат во битките за медалите.
А вистинско дерби во четвртфиналето ќе биде дуелот кој стартува од 13.часот, а во кој ќе се сретнат големите фаворити, репрезентациите на Шпанија и Франција.
ЕП – „ПОД 20“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- ГДИЊА 2024
РЕЗУЛТАТИ – ОСМИНАФИНАЛЕ
Словенија – МАКЕДОНИЈА 82:71
Франција – Германија 103:78
Италија – Полска 63:74
Шпанија – Црна Гора 80:45
Србија – Чешка 67:72
Израел – Грција 65:68
Белгија – Исланд 74:73
Литванија – Турција 79:63
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ (18.ЈУЛИ)
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
13.00: Франција – Шпанија
15.30: Чешка - Белгија
18.00: Полска - Словенија
20.30: Грција - Литванија
ЗА ПЛАСМАН ОД 9. ДО 16.МЕСТО
13.00: Германија – Црна Гора
15.30: Србија - Исланд
18.00: МАКЕДОНИЈА - Италија
20.30: Израел – Турција