16.07.2024

За пласман во четвртфиналето, Македонија ќе игра против Словенија, во среда, од 13.часот

ЕП – „ПОД 20“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- ГДИЊА 2024: Формирани се осминафиналните двојки

Машката репрезентација на Македонија за играчи „Под 20“ години ќе игра против Словенија во првата елиминациска фаза од Европското првенство од Дивизијата „А“ кое се одржува во Гдиња.

Системот за натпреварување ги спои двете селекции во натпревар кој е закажан за 17.јули (среда) со почеток од 13.часот, со што  ќе биде отворена втората фаза оод првенството во Полска.

Пред избраниците на селекторот Боро Смилковски е исклучително тешка задача, особено ако се земе в предвид дека противникот во осминафиналето е една од само двете репрезентации присутни на првенството кои се со максимален ефект по првиот круг од натпреварите, заедно со селекцијата на Шпанија, која ги доби сите три натпревари во нашата „Ц“ група.

„Костурот“ кој го креираше ФИБА вели дека подобриот од овој елиминациски меч за противник во четвртфиналето (18.јули, од 18.часот) ќе го има победникот од дуелот во кој се среќаваат репрезентациите на Италија и Полска.

Поразениот од средбата Македонија-Словенија, ќе игра за пласман од 9. до 16.место на шампионатот со репрезентацијата која ќе го загуби на мечот Италија-Полска.

ЕП – „ПОД 20“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- ГДИЊА 2024

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ – ОСМИНАФИНАЛЕ

17.ЈУЛИ (СРЕДА)

13.00: Словенија – МАКЕДОНИЈА

13.00: Франција – Германија

15.30: Италија – Полска

15.30: Шпанија – Црна Гора

18.00: Србија – Чешка

18.00: Израел – Грција

20.30: Белгија – Исланд

20.30: Литванија - Турција