18.07.2024

По убедливата загуба (70:92) во дуелот со младите аѕури, нашиот младински национален тим има сериозен императив пред себе

ЕП – „ПОД 20“- MAЖИ-ДИВИЗИЈА „А“- ГДИЊА 2024: Пораз од Италија, го одбравме најтешкиот пат кон опстанокот

Машката селекција на Македонија за играчи „Под 20“ години загуби од Италија во еден од мечевите со најголема важност во досегашниот дел од шампионатот.

Загубата, ја става нашата селекција во битка за пласман од 13.до 16.место на шампионатот, и опстанок во елитната младинска европска кошарка

 ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА        92:70

Нашите млади кошаркари не ја повторија играта од пред нешто повеќе од 24.часа прикажана во осминафиналниот дуел со Словенија.

Младите Италијанци се стекнаа со двоцифрена позитива (25:14), уште по првите десет минути од овој важен натпревар.

Слично беше и во вториот период во кој нашиот ривал за место во „горниот дом“ на Евробаскетот во Гдиња, направи уште поголема позитива.

На полувремето, Италија поведе и со (50:31).

Тоа се покажа како недостижно за реализација на желбите на нашиот состав „Под 20“ години. И во третата четвртина противникот реализираше 25.поени, или вкупно 75, додека ние застанавме на бројката  од 54.

На тој начин, испуштивме уште една прилика да обезбедиме опстанок во оваа конкуренција на репрезентации, најдобрите младински на Стариот континент.

Но шансите остануваат, затоа што по утрешниот слободен ден на шампионатот во Полска, следува натпреварот против репрезентацијата на Исланд, во кој сега и дефинитивно, имаме императив на победа, која води кон уште еден, односно во битка за позицијата број 13, последната која носи играње во Дивизијата „А“ и наредната година.

Статистичкиот поглед на овј меч вели дека капитенот Симиќ реализира 18.поени и 6.скока, додека Бошалески и Јовановиќ го испратија со по 13.реализации.