Со оваа победа, нашата машка селекција „Под 20“ години, со скор (3-1), најдобар во „триаголникот“ со репрезентациите на Бугарија и на Чешка, го освои првото место во групата „А“. За противник во четвртфиналната фаза ќе ја има селекцијата на Велика Британија, која со скор (2-2) заврши како второпласирана во групата „Б“.
ИРСКА - МАКЕДОНИЈА 66:77
Изненадувачки добро, пред се доста прецизно, ја одиграа кошаркарите на Ирска првата четвртина од овој клучен меч за нашите младинци. Само еднаш, по положувањето на Хот, домашната селекција беше во водство (4:3). Три тројки во серија во почетниот дел од четвртината реализираа ирските кошаркари (подоцна уште една), доволно за да се стекнат со водство, кое на крајот на десет минути, беше дури и солидно (18:12).
Интересно, двајцата наши стартери на центарските позиции, Хот и Симиќ ги реализираа сите 12 поени (двајцата по шест) во воведниот период од натпреварот во СРЦ „Кале“.
Но имавме и осум неуспешни обиди по ред од зад линијата од 6.75 метри...
Првата ја реализираше еден од најмладите во овој состав, Шошкиќ, за нерешен скор, по три и пол минути играње во втората четвртина, (21:21).
Кога погоди уште една, Македонија премина во водство, и не го испушти до крајот на полувремеото. Одлично ја одигравме втората четвртина, реализиравме 27, примивме само девет поени.
Практично уште еднаш, дефанзивата нè донесе во доста позитивен резѕлтат.
На одмор Македонија имаше плус од 12. поени (39:27).
Симиќ комплетираше 15.поени, Хот реализираше девет...
По паузата , можеби не бевме такаа ефикасни, но затоа пак продолживме со цврста игра во одбраната. Ирците се потешко погодуваа, од друга страна, избраниците на селекторот Никола Василев умешно ја држеа „дистанцата“, која во 16.минута изнесуваше и 18. поени (50:32).
Слично беше и на крајот на овој период од играта, сигурно и убедливо водство (62:43).
Тој резултат го имавме и во најголем дел од последната делница. Но едно мало опуштање во нашите редови предизвика Ирците, кои по природа, никогаш не се предаваат, да се доближат до негатива од само пет поени (66:71).
Но кога беше најпотребно, прво погоди капитенот Митревски, потоа и Хот, а победата вредна чеѕвртфинале ја завери Петков.
Симиќ застана на бројката од 17.поени, одлично своите задачи ги одработи Хот, кој освен 15.поени, имаше и 13.скока, додека Наков дополни со 10.поени.
Нешто порано, во првиот меч од групата „А“ од ова последно коло во групната фаза, селекцијата на Чешка ја совлада Словачка со резултат (62:55). И по четири одиграни натпревари има скор (3-1) , ист каков што има и репрезентацијата на Бугарија.