14.07.2023

Беше очекувано, тешко, но Македонија најде одговор за мотивираните момци од Велика Британија (66:49) и место во првата „четворка“

ЕП – „ПОД 20“-MAЖИ - ДИВИЗИЈА „Б“- СКОПЈЕ 2023: Македонија е полуфиналист!

Беше очекувано, тешко, но Македонија ќе игра во полуфиналето на ЕП од Дивизијата „Б“ во Скопје за кошаркари „Под 20“ години.

Во првиот четвртфинален меч на собирот во нашиот главен град, успеавме да бидеме подобри од мотивираната, желна за успех, но не доволно квалитетна (за нашата) селекција на Велика Бртанија.

МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА            66:49

Очекувано, односно онака како што предвиде нашиот стручен штаб, овој четвртфинален дуел, посебно во првото полувреме, помина во игра со „мал број“ на постигнати поени.

Од самиот почеток се виде дека двете селекции не се расположени во оние шутерски сегменти од играта. Особено тоа се однесува за шутот од далечина, и дека многу повеќе се посветени на оние дефанзивни задачи.

Сеока и во едни такви „релации“ македонски кошаркари се снајдоа подобро. Го имавме Митревски, потоа и Симиќ, кои беа „главни“ во нападот во тие 20.минути во кои постигнавме 32 (комбинираа 21), но што е поважно, примивме само 21.поен.

Британците останаа без ниту еден точен обид зад линијата од 6.75 метри (од 11 обиди).

Но, по големиот одмор, работите се сменија. Гостите подогидја дури четири за кратко време, и ја сведоа нашата двоцигрена предност на пет поени (35:40).

Но успеавме да го одбраниме тој напад на Британците. Со пет поени во серија, се вративме на солидна разлика, од девет поени (45:36) со кои ја затворивме таа „сиромашна“ четвртина.

Налик на претходните две...

Во онаа која се води и како одлучувачка, не ги повторивме истите грешки како во претходната. Имавме и далеку подобар напад, го држевме жилавиот противник на „дистанца“.

Во средина на последниот период, Македонија имаше сигурни (57:46), кога поентираше Наков.

На три минути пред крајот, бевме уште „подалеку“ (64:49), и во полуфиналето на шампионатот, во кое ќе играме со подобриот од средбата Украина-Холандија, која стартува од 21.часот, исто така во СРЦ „Кале“.

Капитенот Митревски имаше сви минути и на оваа клучна средба за нашата репрезентација. Финишираше со 17. реализации. Нашиот стартен центар, Теодор Симиќ пак комплетираше уште еден дабл-дабл ефект на првенството, изразен со реализација на 13. поени и 11. скока.

А ако баравме некој трет расположен, за поентирање кошаркар на оваа средба, го имавме во Петар Бошалески, кој на крајот комплетираше десет реализации (плус и пет скока).

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

МАКЕДОНИЈА – Велика Британија     66:49

Португалија – Чешка       57:73

21.00: Холандија – Украина (СРЦ „Кале“)

21.00: Швајцарија – Шведска (СЦ „Борис Трајковски“)